Loading Video...
Свет
12. May 2026 - 20:43

Преглед на вестите од светот

Светската здравствена органзаиција објави дека досега потврдени се девет случаи на ханатавирус поврзани со бродот Хондиус а два се сметаат за веројатни. Сите пациенти се наогаат во карантин и се под мединциснки надазор.

Симптомите се треска и болки во мускулите. Со оглед на долгиот периот на инкубација на вирусот, други случаи би можеле  да се појават во наредните недели, вели првиот човек на СЗО. Препораката е 42 дена излоација за сите кои беа на бродот.

-Во моментов, нема знаци дека гледаме почеток на поголема епидемија. Но, секако, ситуацијата би можела да се промени. И со оглед на долгиот период на инкубација на вирусот, можно е да видиме повеќе случаи во наредните недели. И како што знаете, периодот на инкубација е исто така шест до осум недели. Значи, поради интеракцијата, додека тие сè уште беа на бродот, особено пред да почнат да преземаат некои мерки за превенција од инфекции, поради интеракцијата, би очекувале повеќе случаи, изјави Тедрос Аданом Гебрјесесус.

Хантавируот вообичаено се пренесува преку глодари, случајот на бродот покажа можност за редок пренес од човек на човек, што е специфично за сојот Анди. Во моментов не постои лек или вакцина. СЗО и тим научници на британскиот универзитеит Бат забрзано работат на создавање вакцина. Во рок од 48 часа од бродот беа евакуирани 120 луѓе од 23 држави. За време на паувањето тројца патници починаа.

Иран би можел да почне збогатување ураниум до 90 проценти, ниво неопходно за производство на нуклеарно оружје доколку повторно биде нападнат  од САД или Израел. Портпаролот на комисијата за национална безбедност во иранскиот парламент , Ебрахим РЕази.  Изјави дека ова е една опшциите што ке ја  разгледаме во парламентот.

Предупредувањето  дојде  по изјавата на Трамп дека примирјетот со Иран виси на конец  откако Техеран не го прифати американски план за крај на војната  а некои американски медиуим обајвија дека Пентагон подотгува нови напади врз Иран.