Одложено за 2 март рочиштето за жалбата на Грујевски и Бошковски

Врховниот суд во Атина за 2 март го одложи рочиштето на кое требаше да биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција на Судот во Солун за поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, јави дописникот на МИА од Атина.
Грујевски и Бошковски беа во судницата во судот во Атина заедно со нивните адвокати.
На денешното рочиште, покрај жалбата на Грујевски и Бошковски, требаше да се разгледаат уште 20 други случаи.
Вчерашното сослушување на Грујевски и Бошкоски пред Комитетот за азил во Солун вчера беше одложено. Тие пред Комитетот требаше да ги изнесат причините поради кои го бараат азилот во Грција.
Претходно нивното првично сослушување во Комитетот беше одложено бидејќи имало проблем со обезбедување преведувач на македонски јазик.
Одлучувањето во Атина доаѓа по нивните жалби откако Основниот суд во Солун одлучи дека тие треба да бидат екстрадирани во земјава.
Според некои домашни проценки, двајцата бегалци би требало да бидат екстрадирани наредниот месец, за кога во Кривичниот суд се закажани рочиштата за Таргет- Тврдина и Трезор.
Грујевски и Бошковски барање за добивање политички азил во Грција доставија на 29 ноември минатата година. Овој потег, како што јави дописникот на МИА од Атина, беше очекуван, со оглед на тоа дека во вакви случаи, за да се пролонгира екстрадицијата следниот чекор е барање азил.
Со поднесеното барање за политички азил, пак, се отвори нов паралелен и дополнителен процес. Грујевски и Бошковски, во Грција, веќе имаат три различни и меѓусебно неповрзани процеси, едниот за екстрадицијата по издадената меѓународна потерница од македонска страна, другиот за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром и третиот по барањето за азил.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
-

Премиерот ја потврди продажбата на „Еурокомпозит“ - Ќе продолжи и ќе се прошири производството на воена опрема
