-->
-->
Од безбедносни причини прекинат планинарски марш до врвот Руен
-->

Поради лоши временски услови, планинарите на ПСД Голак од Делчево викендов го прекинаа планинарскиот марш што го организираа заедно со членовите на планинарскиот клуб „Балкан“ од Белград, Србија и „Макпетрол“ од Скопје. Како што информира Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак“ од Делчево иако планинарите имале намера да се искачат на Осоговските Планини и врвот Руен, сепак густата магла и снежната покривка во висина од 30 сантиметри не дозволила овој марш да се реализира до крај.
- Кога се искачивме над 1500 метри надморска висина се спушти густа магла која со снегот беше се погуста и погуста, снежната покривка изнесуваше 30 сантиметри и беше небезбедно да продолжиме кон врвот РУен. По моја препорака и препорака на претседателот на клубот „Балкан“, Миланка Арсиќ која е искусен планинар од Белград, ја прекинавме акцијата, бидејки ако приближувајки се до самиот врв Руен доаѓавме до самиот гребен со што ориентацијата ни стануваше проблем и поради безбедноста на сите планинари решивме маршот да биде прекинат, рече Чучуковски.
Додаде дека, иако маршот е нереализиран, тој е успешен бидејки сите планинари кои учествувале на маршот се вратиле назад по безбеден пат. Како што најавија Чучуковски, маршот повторно ќе биде организиран, но само кога временските услови ќе го дозволат тоа.
Ова беше последната активност на ПСК „Голак“ од Делчево за 2018 година, година во која за своите активности минатата недела клубот ја доби престижната награда Даре Џамбаз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
