Обезбедени пари за ноемвриската плата во МЖ Транспорт
- Обезбедени се пари за исплата на ноемвриската плата во МЖ Транспорт ад Скопје, откако на седницата на Владата вечерва се прифатени одлуките за заем на железничкото претпријатие од ЕЛЕМ и МЕПСО.
Според соопштението од владината прес-служба, на седницата Владата ја прифатила одлуката од УО на АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост, со која се одобрува барањето за заем доставено од Македонски железници Транспорт АД Скопје.
На седницата министрите во Владата ја прифатиле и одлуката на УО на АД МЕПСО Скопје во државна сопственост, со која е одобрено барањето за заем од Македонски железници Транспорт АД Скопје.
- Со овие две одлуки, одобрени од страна на Владата на РМ, за Македонски железници Транспорт АД Скопје, се обезбедени финансиски средства за исплата на ноемвриската плата на ова акционерско друштво, се вели во соопштението
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
