Loading Video...
Македонија
22. March 2026 - 16:56

ДДВ за горивата од 18% на 10%

Со намалено ДДВ од 18 на 10% Владата ќе се бори против високите цени на горивата. Ваква одлука е донесена на денешната вонредна владина седница. Премиерот очекува од утре бензинот да биде поскап за околу 6,5 денари а дизелот за повеќе од 10 денари по литар. Со намаленото ДДВ и попустот кој го добиваат најголемиот дел од бензинските станици, Премиерот очекува од вторник да возиме по истите цени.

Владините мерки ќе почнат да се применуваат од утре на полноќ и ќе важат две недели. Направените пресметки покажуваат дека со намалениот данок Владата се откажува од околу 7 денари од секој литар гориво кој би го добила како ДДВ. Ако се има предвид дека дневно се трошат по околу 1,6 милиони литри, за две недели Владата ќе се откаже од нешто помалку од 3 милиони евра.

Премиерот вели дека на располагање се уште неколку мерки, како намалување на акцизите но и на дел од маржите на компаниите кои би се носеле доколку кризата се продлабочува. 

Во делот на цените на основните прехранбени производи премиерот вели дека состојбата се следни на дневна основа и доколку се јави потреба ќе се интервенира со мерки. 

Мицкоски информираше дека во моментов енергетската состојба е стабилна. Работат два блока во РЕК Битола, имаме доволно јаглен на депониите и околу 40% полни акумулации. Дополнително, обезбедена е целата количина на гас за без проблеми да заврши грејната сезона а во резерва имаме доволно гориво за да функционираме преку 60 дена без воопшто да имаме некаковв Дополнително во вторник Владата ќе ја разгледува можноста да префрли мазут во ЕЛЕМ од државните резерви за да се спречи високата цена на овој енергенс да влијае на крајната цена на струјата