Наместо кусур од 50 денари, скопјанец добил 50.000

Првиот работен ден на ноември го донесе првиот добитник на парична добивка од 50.000 денари на инстант лозот Среќни тркала на Државна лотарија на Македонија.
Инстант лозот Среќни тркала пред само една недела ја започна својата авантура низ среќните места на Државна лотарија на Македонија, а веќе го впиша првиот добитник на паричната добивка во вредност од 50.000 денари.
Интересно е што не се работи за играч, туку за еден од многуте кои не веруваат во среќата, но се покажа дека среќата верува во него. Нашиот најнов добитник е од скопската населба Железара. Тој редовно пазари во продажното место КАМИ – Ж, но еднаш решил наместо кусур да земе инстант лоз. Го избрал најновиот лоз - Среќни тркала кој нуди седум премии автомобил Фолксваген Пасат и бројни парични добивки, а кога го изгребал се откриле три исти суми од по 50.000 денари.
Така нашиот најнов добитник наместо кусур од 50 денари добива 50.000,00. Од сега, вели, ќе верува во својата среќа и ќе се вклучи во големото семејство на играчи на инстант лотарија, со очекување на поголема добивка. Следна примамлива добивка му е премијата од 1.000.000 денари на инстант лозот Среќни коцки.
Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија нуди реални можности за изненадувања, па дури и кога не верувате во среќата, верувајте во својот кусур.
Ново на Сител
-

БиХ: Голем пожар на депонија кај Мостар, воздухот е опасен за дишење
-

Макрон по средбата со Рама во Елисејската палата: Ја поддржуваме Албанија на патот кон ЕУ
-

Нестабилно време во Охридско-преспанскиот регион, променливото време продолжува до петок
-

Најмалку 13 лица загинаа во експлозија во гасниот комплекс „Рас Лафан“ во Катар
-

Багаи: Принципот „обврска за обврска“ е водечки во преговорите со САД
-

МВР: Вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода
-

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати
-

МВР: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило
