-->
-->
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор
-->

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари телефонски разговор со неговиот израелски колега, Гидеон Саар.
Муцунски го поздрави неодамнешниот договор за ослободување на заложници и прекин на огнот во Газа, нагласувајќи го како значаен хуманитарен чекор напред и можност за воспоставување траен мир во целиот регион, информираат од Министерството.
Двајцата министри дискутираа за потенцијалот за продлабочување на билатералните односи, со посебен фокус на економската, технолошката и научната соработка.
Исто така, беа разгледани можностите за размена на искуства и знаења во области како образование, здравство, земјоделство, стартап екосистеми, технологија, туризам и култура, се вели во соопштението од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
