Loading Video...
Ракомет
14. February 2022 - 18:58
Ееурофарм Пелисер со големи проблеми на утрешното гостување кај Ним
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги чека настап во ЕХФ Европската Лига. Пелистер утре гостуваат во Франција кај екипата на Ним во рамките од 7.коло на Д групата во Европската лига.
Ним заедно со Вардар се само двете екипи кои сезонава го совладале Пелистер во официјални натпревари. Имено во првото коло од Европската лига, составот на Ним славеше во Битола со 26-21.
Тоа секако ќе биде мотив повеќе за битолските „фармацефти“ да се надигруваат со екипата која е на првата позиција на табелата со бод повеќе од нашиот претставник.
„Мислам дека ќе биде поразличен натпревар од оној во Битола. Тогаш ние влегувавме во форма, а тие беа во врвот на нивната игра. Сега мислам дека играат малку послабо. Детално ги анализираме, еве вчера играа натпревар од француската лига. Мислам дека постои шанса, бидејќи играме добро и сме се подобри и подобри и се надевам дека ќе ја продолжиме нашата серија“, вели Мартин Велковски.
Сепак пелистерци се судруваат со големи проблеми за утрешниот меч. Имено денешното задолжително тестирање пред заминувањето за Франција донесе и два позитивни резултати на Ковид-19 и тоа на бековите Матео Мараш и Немања Обрадовиќ, кои ќе мораат во изолација, па нема да бидат на располагање на тренрот Бабиќ.
Утрешниот дуел меѓу Ним и Еурофарм Пелистер ќе започне во терминот од 18 часот и 45 минути.
-->
-->
