ЗОИ: Повеќе од 3000 спортисти во Пјонгчанг
Зимските олимписки игри кои во изминатите 17 дена се одржуваа во Пјонгчанг свечено беа затворени во неделата.
На почетокот на церемонијата на Олимпискиот стадион во Пјонгчанг домаќинот подготви кратка престава на мразот која беше проследена со огномет, а потоа беше интонирана химната на Јужна Кореја.
ЗОИ беа затворени со дефилето на спортистите и потоа со концертот на музичарот Мартин Герикис.
На Игрите кои започнаа на 9.февруари учествуваа повеќе од 3000 спортисти.
Дел од 23. Игри, седми пат во историјата беше и Македонија. Во Пјонгчанг настапија тројца македонски спортисти: Ставре Јада кој на отворањето го носеше државното знаме, Викторија Тодоровска и Антонио Ристевски.
Ставре Јада во спринт го освои последното 79.место, а на трката на 15 километри во конкуренција на 119 натпреварувачи заврши на 99. позиција.
Викторија Тодоровска настапи на 10 километарската патека во крос-кантри, македонската репрезентативка во конкуренција на 90 натпреварувачки го освои 85.место.
Антонио Ристевски настапи во двете технички дисциплини во алпско скијање но не успа да оствари пласман. Ристевски не успеа да ги заврши трките во слалом и велеслалом.
Олимпијадата мина во знакот на Норвешка и нивната хероина Марит Бјерген. За 17 дена норвешките спортисти освоија 39 медали (14 златни, 14 сребрени, 11 бронзени) и поставија апсолутен рекорд во историјата на олимпијадите.
Марит Бјерген во Пјонгчанг стигна до бројката од 15 медали во кариерата и го запиша своето име во историјата на олимпизмот.
Наредните ЗОИ ќе се одржат во 2022 година во Пекинг.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра