ЗОИ: Нов допинг во рускиот тим
Руската репрезентативка во боб Надежда Сергеева падна на допинг тестот на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Ова е втор случај на допинг во рускиот тим, откако претходно позитивен тест имаше и Александар Крушелницкиј. Тој со партерката Анастасија Бризгалова освои бронза во карлинг, но поради допингот тие останаа без медали.
Руските спортисти поради системскиот допинг, кој наводно бил спонзориран од државата, им беше забрането да се натпреваруваат во Пјонгчанг. Дозвола да настапат на Игрите во Јужна Кореја добија само оние спортисти кои докажаа дека се „чисти“.
Сергеева е една од 168. спротисти од Русија кои добија зелено светло, како неутрални спортисти, по името Олимпијци од Русија да се натпреваруваат во Пјонгчанг.
30-годишната Сергеева заедно со Анастасија Кочержова го псвпи 12. место во боб двосед на ЗОИ во Пјонгчанг.
Рускиот тим објави дека Сергеева била позитивна на лек за срце кој не и бил препишан од лекарскиот тим на репрезентацијата. Во соопштението се додава и дека позитивен бил тестот кој бил направен на 18.февруари, додека на претходнит тест таа била чиста.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ