-->
-->
ЗОИ: Цветановска 95-та во крос-кантри на 10 км.
-->
– Македонската нордиска скијачка Ана Цветановска го освои 95. место во денешната трка крос-кантри на 10 километри. Таа патеката ја мина со време 39:57.7 минути, односно заостана за повеќе од 11,5 минути зад победничката Тереза Јохауг од Норвешка која имаше време 28:06.3 минути.
На трката настапија 98 натпреварувачки, а зад Цветановска останаа само три.
На победничкиот подиум покрај Норвежанката, се најдоа две скијачки од Финска. Втора беше Керту Нисканен која заостана само 0,4 секунди зад Јохауг, додека бронзата ја освои Криста Пармакоски со резултат 28:37.8 минути.
По оваа трка, Норвешка се изедначи со Германија на врвот на листата медалисти со по пет освоени златни одличја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство