-->
-->
ЗОИ: Бјерген и Норвешка испишаа историја
-->
Зимската олимпијада има нови херои што се однесува до рекордната жетва на медали во поединечна и национална конкуренција. Прва историја испиша норвежанката Марит Бјерген со освојувањето на осмиот златен медал во кариерата што за неа е 15. медела на зимските олимпијади.
Бјерген победи на трката на 30 километри со масовен старт на Зимските олимпиские игри во Пјонгчанг.
37-годишната Норвежанка до победата во последната трка во Пјонгчанг стигна со време од 1:22:17.6 часа.
Бјерген на Игрите во Пјонгчанг претходно освои злато во штафетната трка, сребро во скијатлон и бронзи на 10 километри слободно и во тимскиот спринт.
Норвешка постави нов рекорд на игрите со 39 освоени медали од кои 14 златни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место