Спорт плус
21. February 2018 - 13:51

ЗОИ 2018: Норвежаните најдобри во тимскиот спринт

Норвешка го освои златниот медал во тимскиот спринт во крос-кантри слободен стил за мажи на Олимписките игри во Пјонгчанг.
 
Ова е 12-тиот златен медал за Норвешка на Олимпијадата.
 
Мартин Јонсруд Сундби и Јоханес Клаебо завршија со време 15:56,26 минути.
 
На второ место се пласираја олимписките спортисти од Русија, а Французи освоија бронза