ЗНАМ за патните трошоци: Досега не сме наплаќале, ќе ги игнорираме сите предлози на Левица чија единствена цел е популизам
Нашиот став во врска со Предлог-законот за пратеници кој се однесува на патните трошоци на колегите од Левица останува принципиелен - ќе ги игнорираме сите предлози чија единствена цел е популизам и креирање театар на секоја тема, истакна на денешната прес-конференција Даниела Белимова, пратеничка на Движењето ЗНАМ.
-Во врска со предложените измени на Законот за пратеници а во однос на патните трошоци сакаме да ја информираме јавноста дека во рамките на нашите заложби за максимална транспарентност и највисок степен на општествена одговорност, пратениците од Движење ЗНАМ - За наша Македонија ниту досега наплаќале, ниту од сега ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци има приближно има добиено 30 илјади денари по сите основи - гориво, патарини и амортизација, што претставува помалку од реално направените трошоци за превоз од и до Собранието, рече таа.
Белимова потенцира дека тие се подготвени за отворање конструктивен процес на разговори за сите прашања со сите пратенички групи како би се дошло до заедничко општо прифатливо и најдобро решение.
- Само низ дијалог може да се работи за доброто на граѓаните, а преку консензус да се обезбеди широка поддршка преку која тие решенија би поминале на собраниски пленум. Движење ЗНАМ - За наша Македонија не се изјаснува за нешто што веќе го практикува. Ако некој ги злоупотребува патните трошоци, тогаш тие треба да бидат санкционирани и изнесени пред судот на јавноста, рече таа.
Пратеничката Белимова нагласи дека Движење ЗНАМ го потврдува ставот дека ниту овој закон, ниту кој било друг предлог што ќе дојде од Левица нема да го разгледува и коментира од единствена причина дека, како што рече, нивната цел е сопствена промоција, а не нудење на решение за актуелни реални проблеми. Потенцира дека Левица не е дел од решение на проблемот, туку, како што посочи, самата таа претставува и создава проблеми.
Ново на Сител
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април