Македонија
19. February 2025 - 12:23

Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица

Расте интересот за волонетризам во Црвениот крст во Струмица. Се поголем број на млади луѓе времето поминато на социјалните мрежи го заменуваат со активностите кои ја промовираат хуманоста и помагањето на заедницата. Ова го потврдува и  проектот  Црвен крст во акција - Промоција на хумани вредности,  во кој годинава се вклучени рекорден број на млади лица.

Околу 40 нови волонтери активно учествуваат во обуките кои им помагаат да развијат нови вештини за реализирање на проекти што треба да ги подобрат и олеснат животите на лицата во социјален ризик.

Обуките се фокусирани на различни области. Волонтерите учат како да препознаат и реагираат во различни критични ситуации и како да се организираат и реализираат проекти што ќе имаат директен позитивен ефект на животите на најранливите.

Проектот Црвен Крст во акција се реализира повеќе од  20 години во сите општински организации во државата. Преку него се регрутираат деца на возраст од 13 до 17 години кои секоја година изработуваат до 150 мали проекти со кои ги поттикнуваат хуманите вредности во заедницата.