Македонија
20. February 2017 - 12:20

Значително намален водостојот на Црн Дрим

Значително намален е водостојот на реката Црн Дрим кај Ложани, покажува неделната хидролошка состојба на УХМР.

Просекот за февруари е 123 сантиметри, а изминатите седум дена нивото на Дрим се движело меѓу 12 и 20 сантимтери. 
 
Двојно е намален водостојот и на Сатеска кај Ботун. Се движи од два до осум сантиметри за разлика од просечните 16 за февруари. 
 
Пониски нивоа се иземерени и на Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катланово, Крива Река кај Крива Паланка, додека повисоки од просечните се на Вардар кај Велес, Треска кај Македонски Брод и Брегалница кај Штип. 
  
Нивото на Охридското Езеро се уште е еден сантиметар над дозволениот минимум.