-->
-->
„Златниот гонг“ за Џоџај од Косово
-->
Арменд Џоџај од Косово е победник на 45. традиционален меѓународенбоксерски турнир „Златниот гонг“, што во изминатите два дена се одржуваше во Скопје по повод Денот на ослободувањето на главниот град - 13 Ноември.
До престижниот трофеј Џоџај стигна по одличната борба со Дејвис Коди од Велс во категоријата до 91 килограм.
На „Златен гонг“ 2015 од македонските боксери во најдобро светло се прикажа Идриз Бислими кој го освои златниот медал во категоријата до 52 кг. по победата во финалната борба против Блан од Англија.
Покрај „Златниот гонг“ што го освои Џоџај, и признанието најдобар боксер што отиде кај Бислими, признанија добија и: Петар Неделковски – најдобар судија; Хиланд Бланд најдобар тренер и Звонимир Вуин за особен придонес за развојот на овој турнир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари