„Златна малина“ за најлош филм освои документарецот „Америка на Хилари“
Документарниот филм „Америка на Хилари: Тајната историја на Демократската партија“ на режисерот Динеш Д’Соуза ја освои наградата „Златна малина“ за најлош филм во 2016 година.
Овој филм и „Бетман против Супермен: Зората на правдата“ на Зак Снајдер го поделија „триумфот“ на овогодинешната церемонија, освојувајќи по четири награди „Златна малина“.
Д’Соуза, конзервативен коментарор и автор на бестселери беше прогласен за најлош актер и најлош режисер.
За најлоша женска изведба беше прогласена Беки Тарнер, која ја играше Хилари Клинтон.
„Америка на Хилари“ заработи скромни 13 милиони долари во северноамериканскипот бокс офис минатата година.
Четирите „анти оскари“, како што се нарекува „Златната малина“ на „Бетмен против Супермен“ вклучуваат награда за најлошо сценарио и најлоши споредни улоги, меѓу кои е и Бен Афлек.
„Златна малина“ доби и ветеранот Мел Гибсон и покрај тоа што неговата воена драма „Hacksaw Ridge“ е номинирана за шест оскари, вклучувајќи го и Гибсон за режисер.
Наградите „Златна малина“ се основани во 1980 година, а номинациите се доделуваат од жири, во кое влегуваат околу 700 лица, од 46 американски сојузни држави и 19 други држави. Самата статуетка претставува пластична малина, покриена со златна боја и цена од пет долари.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата