Ракомет
1. July 2017 - 8:19

Златко Мојсоски продолжува во Еурофарм Работник

 
 
Поранешното репрезентативно крило, Златко Мојсоски ја продолжи соработката со битолскиот клуб Еурофарм Работник. 
 
Денес, битолскиот суперлигаш објави дека и наредната сезона нивни член ќе биде Златко Мојсоски.
 
Стружанецот се обврза на соработка за уште една сезона. Со искуството и квалитетот на Златко Мојсоски на позицијата десно крило, Еурофарм Работник ќе тргне во европски поход оваа есен. 
 
Еурофарм Работник веќе го формира тимот за новата сезона со доведување на неколку нови имиња и продолжување на договорите со клучните ракометари, како што тоа беше случај вчера кога ја продолжи соработката со Фарук Мемиќ, а претходно на верност се обврзаа скоро сите ракометари на кои што смета тренерот Андон Бошковски.