Жртвите завршиле непланирано во контејнерот за Парагвај, од Србија сакале да одат во Италија или Белгија
Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај, планирале да заминат во други земји.
Контејнерот во кои беа најдени седум тела во распаѓање, пред три месеци од Србија заминал за Парагвај преку Аргентина.
Алжирецот Смаил Маучи вчера разговарал со компанијата „ABC Color“ и по тој повод ги открил можните идентитети на жртвите кои беа пронајдени во контејнерот, пишува „Б92“.
Според неговите твдења починати се четворица Мароканци, двајца Алжирци и еден Египќанец.
Тој истотака изјави дека тие биле пријатели, а во Србија престојувале три месеци.
Вели дека планирале да одат во Италија или Белгија, а не планирале да се качат на овој воз, кој неколку часа бил во Србија на станицата, каде што се скриле во контејнер.
Според податоците што вчера во јавноста ги изнесоа локалните власти, несреќните мигранти минале скоро 20.000 километри, а со себе имaле хрaнa и водa сaмо за 72 чaсa.
Парагвајскиот весник „Насион“ вчера напиша дека парагвајската полиција верува оти едно од седумте лица се обидело да преживее јадејќи остатоци од неговите сопатници.
Ново на Сител
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“