-->
-->
ЖРК Вардар го совладаа европскиот првак Будуќност
-->
Ракометарките на Вардар ја остварија првата победа во дуелите со Будуќност актуелниот првак во Лига на шампионките.
На средбата одиграна попладнево во СЦ Јане Сандански, а во рамките од 5.коло на втората групна фаза, ЖРК Вардар за прв пат во меѓусебните дуели беше подобар од актуелниот европски првак Будуќност и тоа со 26-24 полувреме 11:11.
До оваа голема победа вардарки ги предводеа Барбара Лазовиќ со 6 гола и фантастичната на голот Амандин Лејно која имаше 19 успешни интервенции.
Во претпоследното коло од групата 2, попладнево се одигра и средбата Митјиланд – Букурешт која заврши со победа на гостинките од 28-23. Во петокот Ѓер со 32-26 го победи Савенхоф. Токму Сафевенхоф е следниот противник на ЖРК Вардар во дуелот кој ќе се игра во Шведска на 26 февруари (петок).
Tабелата
1. Ѓер 13 бодови,
2. Будуќност 13
3. ЖРК Вардар 12,
4. Букурешт 9,
5. Митјиланд 5,
6. Савехоф 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје