Жозеп Борел денеска и утре во посета на Албанија
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел денеска ќе допатува во дводневна посета на Албанија.
Борел денеска ќе се сретне со премиерот Еди Рама пред да претседава со 12. Совет за стабилизација-асоцијација ЕУ-Албанија во Тирана на 16 март.
– Албанија ќе ја претставува премиерот Еди Рама а Европската комисија ќе ја претставува комесарот за добрососедска политика и проширување, Оливер Вархеји. По Советот, високиот претставник Борел, премиерот Рама и комесарот Вархеји ќе одржат заедничка прес-конференција околу 12:00 часот, која ќе се емитува во живо на EBS, јави државната агенција АТА.
Денеска попладне Борел ќе присуствува на инаугурацијата на венецијанската кула во Драч, чија реставрација е финансирана од ЕУ, а ќе се сретне и ќе разговара со претставници на младите во градот.
Високите европски претставници, по Албанија, на 17 и 18 март, ќе престојуваат во Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика