Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе донесе конечна одлука за кандидатот со кој ќе излезе на изборите за градоначалник на Град Скопје. Најсериозни кандидати се Ѓорѓиевски и Перински а партиски извори велат дека пред утрешната седница и двајцата имаат еднакви шанси. Извршниот комитет треба да ги потврди и одлуките од преговорите со ЗНАМ кои продолжуваат и денеска.
Неофицијално постои расположение најголемата владејачка партија да го поддржи Димитриевски во Куманово и да му остави празен простор во општина Центар за директна битка со СДСМ. Се уште се разговара за можноста ЗНАМ да добие простор и во трета помала општина.
Опозициската СДСМ и денеска го обвини Димитриевски за предавство.
Покрај кандидатот за Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ утре се очекува да објави уште десетина кандидати со што без официјални кандидатури би останале помалку од 10 општини.
Во четвртокот и Филипче објави дел од кандидатурите. Изненадување беше што градоначалникот на Струмица не доби шанса за нов мандат.
ВМРО-ДПМНЕ изборот на кадри го оцени како избор на Заев.
Во албанскиот блок работите одат малку потешко. Само таравари го најави Лимани како свој кандидат за Гостивар но до овој момент тој официјално нема партија. Касами и Ганиу е извесно дека ќе одат на нов мандат во Тетово и Чаир а министерот за социјала се очекува да биде кандидат на Вреди за Кичево, каде извесно дека ДУИ ќе му даде нова шанса на Дехари.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар