Свет
27. September 2017 - 10:53

Животот во Порторико по ураганот Марија стана невозможен

По ураганот Марија, жителите на Порторико останаа без струја, храна, нема ниту доволно вода за пиење, а ситуацијата не се поправа, туку се влошува, јавуваат западните медиуми.

Ураганот Марија пред околу една недела го погоди Порторико како бура од четврта категорија, уништи повеќе стотици домови и предизвика големи поплави поради штшо, таа американска територија би можела да влезе во уште подлабока финансиска криза. Тоа е најголемиот ураган кој го погодил Порторико во последните 80 години и однесе повеќе од 10 животи.

Меѓу жителите на островот се повеќе расте загриженоста за иднинаната.

Електричната мрежа на островот беше во многу лоша состојба и пред ураганот, додека финансиската ситуација беше катастрофална на Порторико поради долгот од 73 милијарди долари и тешките мерки за штедење.

Претседателот на САД, Доналд Трамп прогласи состојба на природна катастрофа, и така ги деблокираше федералните средства за помош на тој остров.

Белата куќа соопшти дека Трамп во вторник ќе го посети Порторико.