Македонија
4. October 2024 - 16:46

Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија

Двете рочишта за убиствата на Вања и Панче следната недела нема да се одржат.

 Од Кривичниот суд информираат дека причина е здравствената состојба на обвинетиот Боре Видевски кој се уште е хоспитализиран на Клиниката за нафрологија каде пред четири дена беше итно пренесен во неконтактибилна состојба и со речиси откажан бубрег. Неговиот адвокат потврдува дека иако е подобар, Видевски се уште не е со состојба да присуствува на судењата.    

Малку е подобрена здравствената состојба, во однос на она што беше првично. Сега состојбата нe е животозагрозувачка, но уште е под силни лекарства и уште не може бубрегот да функционира онака како што треба. Постојано е на дијализа. Досега беше двапати, денеска треба и третпат. Според мислењето на лекарите ќе треба да биде подложен на 20 дијализи“, вели Бојан Манев, адвокат на Боре Видевски.

Следното рочиште треба да се одржи на 14 октомври кога пред судот треба да сведочат мајката, бабата и дедото на 14-годишната Вања. Адвокатот Манев сепак вели засега е неизвесно дали до тогаш Видевски ќе биде во можност лично да присуствува или ќе се бараат други начини како да се продолжат судењата.

Судскиот процес стартуваше на 20 септември кога сите петмина обвинети негираа поврзаност со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Обвинителите пак ќе докажуваат дека првообвинетиот Љупчо Палевски во ноември минатата година прво го убил велешанец Жежовски за со неговиот автомобил да ја киднапираат Вања. Пет дена подоцна во близина на селото Бразда, Палевски ја убил Вања пукајќи и во глава. Нејзиниот татко пак е осоминечен дека ги дал информациите кога Вања ќе оди сама на училиште. Палевски на првото рочиште тврдеше дека не го познава и дека е наместен од полицијата.