Животот пишува драми: Го запознал братот за кој незнаел дека постои и наеднаш умрел
Браќата живееле само на километар оддалечени еден од друг, а немале поима за тоа.
За нив е снимена епизода од серијата "Long Lost Family", а сега ги погоди нова трагедија.
Стив Белшо (54) од Блекпул почина кратко откако го виде својот брат Роберт (45) за кој не знаел дека постои.
Стив всушност преку емисијата ја барал својата мајка, а на крајот го нашол полубратот кој живеел само на километар подолу од него. Причината за смртта е непозната, а пријателите на Стив се простуваат од него преку Фејсбук.
Мајката го родила кога имала само 17 години и го дала на посвојување. Во меѓувреме го родила Роберт. Починала во 2004 година, 13 години пред Стив да тргне во потрага по неа. Браќата за емисијата договорија состанок во паркот во кој двајцата си играле како деца, и тоа дополнително ја разнежни публиката. Потекоа солзи, а новата трагедија дополнително го погоди Роберт, неговата сопруга Кели и нивните шест деца.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер