Бизнис
14. November 2015 - 14:27

Животот без работа може да е фатален

Фајненшел тајмс - Лондон

Белите полнолетни мажи од средната класа се убиваат и свесно и ненамерно, и брзо и бавно.

Колку е лош животот без работа? Во последно време често си го поставувам тоа прашање. Станува сосема јасно дека силите на глобализација и технолошкиот напредок ги трансформираат економиите и општествата, посебно во развиените држави, и дека тие последици најдиректно се чувствуваат во јадрото на работната сила – кај луѓето и семејствата кои го формираат оној слој кој Американците го нарекуваат средна класа. Во богатиот свет, многу традиционални работни места за тие луѓе исчезнуваат, а работните наградувања за останатите се во длабок застој.

Фатот дека средната класа опаѓа од една во друга земја се основа за повод за тревожење. Во голема, стабилна и просперитетна средна класа, која е од големо значење за граѓанското општество; поголемиот дел од информираните набљудувачи се обединети околу мислењето дека тоа ја поткрепува општествената интеграција, толерантноста, демократијата и многу други убави нешта. Освен тоа, таа е моќен двигател на потрошувачката во една економја - масата средно економски моќни домаќинства купува маса нешта. Но што се случува кога работните места од индустриската епоха, кои ја одржуваа средната класа, почнуваат да исчезнуваат? Волтер дал визионерско предупредување кога рекол: „Трудот не спасува од трите најголеми зла: здодевноста, пороците и потребата“.

Од тие три, јас сум најмалку растревожен заради потребата. Трговијата и технолошкиот прогрес во краен случај го прават општеството побогато во целина. Наместо тоа, трговијата и технолошкиот прогрес отвораат мачни прашања за распределбата на богатствата. Повеќето од нас заработуваат пари за да купат нешта кои им се потребни додека работат - а што правиме ние, кога можностите за работа стануваат ограничени?

Да продолжиме со здодевноста и пороците: колку се тие лоши? Колку треба да сме обеспокоени од нив? Понекогаш ја спомнувам тезата дека воопшто не треба да сме вознемирени. Според таа логика, ако не ни треба трудот на луѓето, тогаш зошто е неопходно да се тревожиме што ни предизвикуваат тие? Зошто треба да се важни традиционалните претстави за здодевноста и пороците? Ако луѓето сакаат да пијат, да земаат наркотици, да имаат секс со случаен партнер или да играат компјутерски игри по цел ден, каде е тука штетата? Тоа може и да не се традиционално најценетите или продуктивни дејности, но зошто треба да им робуваме на општоприфатените сфаќања?

Една причина за неспокојство доаѓа од истражувањата на политикологот Чарлс Мари, кој документира колку многу се смениле во последниве 50 години социјалните услови за Американците од долниот дел од средната класа (иако тие во суштина останале непроменети за нивните сонародници од горниот дел од средната класа). Разводите, како и криминалитетот нагло пораснале, исто како и бројот на децата кои растат без двајцата родители, но и на мажите без семејство кои имаат асоцијален живот.

Тие социјални зла доаѓаат заедно со исчезнувањето на работните места од индустриската епоха. Се води жива дебата дали се тие резултат од загубата на стабилна работа или се резултат на други фактори. Јас припаѓам на групата која смета дека исчезнувањето на работните места е причина, а не само страничен фактор.

Неодамна објавеното истражување на добитниците на Нобеловата награда за економија за оваа година, Ангус Дијтон и Ан Кејс, открива една поалармантна тенденција од социјалната деградација: додека смртноста кај скоро сите полнолетни групи од американското општество се намалила во последниве неколку децении, таа всушност пораснала кај најниско образуваните бели луѓе од средната класа. Двајцата заклучиле дека меѓу 1999 и 2013 година, смртноста кај таа група порасналата на 134 од 100,000 лица. Тоа е огромен скок. Како што пишува Дијтон, „само хив/сидата направила нешто слично во нашево доба“.

Што е причина за тој трагичен бум? Професорите Дијтон и Кејс заклучиле дека поголем дел од тој пораст на смртноста може да биде објаснето со три фактори: самоубиствата, хроничните болести на црниот дроб и цирозата, и злоупотребите на наркотици и алкохол. Со други зборови, луѓето во таа социјално-економска група се убиваат и намерно и ненамерно, и брзо и бавно.

Неопходнн се многу повеќе истражувања за да се разберат причините за тој развој. Но јас не мислам дека невољите од невработеноста меѓу претставниците од таа група се второстепени фактори; според мене, тие се главната причина и сосема не се совпаѓаат со делот на вработените меѓу полнолетните американци кои завршиле најмногу средно образование, и кој во септемрви изнесувал под 52 проценти. Здодевноста и пороците, кои се појавуваат кога работата ќе се изгуби, се сериозен проблем за општетственото здравје.

Нешто друго интересно што професорите Дијтон и Кејс го забележале, е дека смртноста не се зголемила во последно време кај луѓето со латиноамериканско потекло, и кај црнците. Можно е тоа да се должи на фактот што тие во принцип се економски помаргинализирани и затоа навикнале помалку на стабилните работни места на средната класа, кои белите ги имале, но кои сега исчезнуваат за најниско образованите меѓу нив.

Тоа ни од далеку не е целата приказна. Но мене сепак ми се чини дека првите две најголеми зла, посочени од Волтер, почнуваат да се појавуваат на јаве во социјалната и здравствената статистика, и ние сите треба да сме вознемирени од тоа.