Жители на Пиреја се противат на изградба на хостел за деца бегалци без придружба
Десетици жители од Пиреја синоќа прекинале состанок на претставници на Советот на општината, во знак на протест против плановите на невладина организација да отвори хостел за деца бегалци и мигранти кои се без придружба.
Според извештаите, жителите Пиреја се противат на проектот на невладината организација „Праксис“, која изнајмила поранешна училишна зграда во петтата област во Пиреја и планира да ја претвори во хостел. На прашање од страна на градоначалникот на Пиреја Јанис Моралис, претставници на НВО, наводно, изјавиле дека во хостелот ќе бидат сместени само 20 деца од илјадници кои останаа заглавени во Грција.
Како одговор на загриженоста на граѓаните, комисија од општината ги запре градежните работи, затоа што невладината организација немала потребна дозвола. Сепак, Моралис застанал во одбрана на планот и ги критикувал демонстрантите за нивната реакција.
- Сметам дека е незамисливо во град кој има добиено толку многу пофалби од Грците и странците за неговите напори да ги храни и да обезбеди клучни услуги на илјадници луѓе, да крене глас против вдомување на децата без придружба, ја цитира АНА-МПА изјавата на Моралис.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици