-->
-->
Жител на село Зрновци повреден при пад од скеле
-->
Педесет и шестгодишниот Д.И. од село Зрновци, кочанско, вчера при вршење градежни работи на објект во болницата „Св.Еразмо“ - Охрид паднал од скеле во висина од 1.80 м, а врз него паднала греда. Повредениот околу 16 часот бил донесен во болницата.
МВР информира дека на повредениот веднаш му била укажана лекарска помош во болницата каде доктор констатирал фрактура на неколку ребра од левата страна, контузија на глава и граден кош и фрактура на карлична коска.
Потоа како итен случај во критична состојба, со возило на Итна медицинска помош, бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет