Жител на Мала Речица со возило удрел и повредил 10 пешаци
Еден потешко повреден и уште деветмина полесно повредени е последицата од инцидентот на локалниот пат во Горно Орашје, каде 61 годишен жител на Мала Речица удрел во 10 пешаци. Настанот се случил околу 13 часот и 30 минути, а сите повредени се повозрасни лица од 46 до 76 години.
-М.Ј.(61) од Мала Речица, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешаците: А.В.(75) од с.Јажинце, И.З.(76) од с.Непроштено, Џ.А.(58) од с.Доброште, Р.А.(73), А.А.(67) Р.М.(55) А.А.(71) с.Орашје, Б.Н.(46) сите од Орашје, Ќ.М.(65) од с.Пршовце, и С.Џ.(60) од Тетово, информира СВР Тетово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот А.В, кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово, додека со телесни повреди завршиле сите останати пешаци.
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори