Македонија
22. March 2020 - 13:34

Жител на липковско Отља починал, откако го затрупала земја додека санирал сопствен резервоар за вода

Седумдесет годишен жител на село  Отља, Општина Липково, починал вчера откако го затрупала земја, потврди МВР.  

– А.С работел на санација на резервоар за вода која ја користел за сопствени потреби, влегол во ископот длабок околу четири метри, при што бил затрупан од околната земја и починал на лице место. Настанот се случил вчера во 14:30 часот во атарот на село Отља  на местото викано „Краиште“, посочуваат од МВР.

Од полицијата информираат дека бил звршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.