Жирафата Каспер пцовисала од салмонела во скопската Зоолошка
Жирафата Каспер угинала од инфекцијата салмонела, дознава Макфакс. Според патохистолошката анализа до која дојдовме, Факултетот за ветеринарна медицина констатирал дека оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата. Притоа, во цревата биле најдени и паразити.
„Врз основа на микробиолошкиот наод Salmonella enterica subsp. enterica serovar enteritidis во желудник (сириште), црн дроб, слезина и црева, како и на патохистолошкиот наод (…), можеме да заклучиме дека жирафата угинала како резултат на инфекција со бактеријата Salmonella enteritidis“, стои во наодот до кој дојде Макфакс.
Професорите д-р Трпе Ристоски и д-р Кирил Крстевски во наодот дополнуваат и за најдените паразити.
„Воедно, врз основа на патоморфолошките промени и паразитолошкиот наод, како секундарен наод дијагностицирани се паразити во црева (…)“, се додава во патохисолошката дијагноза до која дојде Макфакс.
Засега нема информации со каква храна била хранета жирафата во Зоолошката градина, а од која би можела да ја добие бактеријата салмонела. Директорот Зоран Попов претходно само истакна дека жирафата повеќе месеци не била во добра состојба.
Жирафата Каспер угина пред еден месец. Имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година. Ова е втора жирафа која пцовисува, откако претходната почина во 2014 година на три и пол години. Животниот век им изнесува 25 години.
Ново на Сител
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија
-
Иран, по резолуцијата на МААЕ, најави изградба на нова постројка за збогатување на ураниум
-
Најмалку едно лице ја преживеа авионската несреќа во Индија
-
Телефонската линија 192 за пријавување во полиција е во прекин поради технички проблем, во функција е бројот 112
-
Усвоени неколку закони на 53. седница на Собранието