Жени подгответе марамчиња: Се жени Бали-бег
Убавиот Бурак Озчивит кој жените ширум светот ги маѓепса како Бали-бег во серијата „Величествениот“ застанува на лудиот камен по пречекот на нова година.
Кога се одложи свадбата планирана за летото оваа година, обожавателките на Бурак Озчивит се понадеваа дека убавиот бег нема да се ожени со својата колешка, актерката Фахрије Евцен, која ја знаеме како Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“.
Сепак време е да се извадат марамчињата, зошто оваа двојка ќе го каже судбоносното „да“ и тоа откако заедно ќе влезат во новата 2016 година.
Направиле попис на гостите, изнајмиле сала, нарачеле венчаница, па повеќе нема дилема дали еден од најубавите актери ќе си отиде од пазарот на слободни мажи. Тие двајцата се запознаа на снимањето на серијата „Грмуша“, а љубовта од екранот брзо ја пренесоа и на личен план, па заедно се повеќе од една година.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток