Македонија
12. February 2022 - 20:28

Жена се повреди исклучувајќи ја струјата откако им се запалил домот

Жена во обид да ја исклучи струјата откако им се запалила куќата со повреди пренесена во болница.

- На 11.02.2022 околу 13.00 часот во Полициска станица Гостивар е пријавено дека настанал пожар во куќа во с.Старо Чајле, гостиварско, сопственост на Х.Н.. При обид да ја исклучи електричната енергија со повреда се здобила Ф.Н.(40), која била пренесена во Медицински центар Гостивар за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица Гостивар. Увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар.