Жена дозволи бездомник да пресипе во нејзината куќа - Кога се разбудила видела алармантна сцена
Жена од Тексас сакала да помогне на еден бездомник и му понудила да преспие во нејзината куќа за да се стопли. Оваа хумана жена живеела со двете внуки. Кога сите заспале таа ноќ, таа се разбудила и видела шокантна глетка во нејзиниот дом.
Целата куќа била во чад по експлозија на таванот што брзо настанал пожарот. Жената се уште била во креветот, но врз неа паднал дел од плафонот по експлозијата. Бездомникот побрзал да ја расчисти рушевината и да ја извлече од креветот и до куќата и да ја однесе на некое безбедно место, но девојчињата биле заглавени во нивните соби.
Бездомникот го жртвувал својот живот и се вратил во куќата за да ги спаси девојчињата на возраст од 8-10 години. Со децата во рацете тој храбро излегол од предната страна.
Само чудо ги спаси жената и внуките бидејќи нивната куќа е целосно уништена од пожарот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума