-->
-->
Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија се одвива нормално
-->
Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија се одвива нормално и без прекин и не се точни информациите дека железничкиот сообраќај Скопје-Велес-Гевгелија е во прекин, информира ЈП Македонски Железници-Инфраструктура.
- Нашите екипи на 14 март кога имаше одрон на карпите на пругата Велес-Гевгелија, односно помеѓу станиците Велес-Згрополци, веднаш излегоа на терен со целата механизација и за краток временски период во целост ја расчистија пругата од карпите. Со брзото расчистување на пругата, работниците на ЈП Македонски Железници-Инфраструктура овозможија железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија да функционира нормално уште од 15 март, односно само еден ден после одронот на карпите, посочуваат од МЖ-Инфраструктура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции