Жбогар: ЕУ и помага на Македонија за мигрантската криза
Европската унија досега и има дадено 14 милиони евра на Македонија за успешно справување со бегалската криза, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната прва работна посета на Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.
- Земјите членки на Европската унија навистина многу брзо реагираа на повикот од вашата земја да и помогнат во справувањето со мигрантската криза и затоа би сакал во оваа прилика да им се заблагодарам. Моментно тука се наоѓаат уште 166 странски полициски граничари кои и помагаат на вашата полиција во обезбедување на границата, рече Жбогар.
Еврокомесарот додаде дека се уверил оти во ПТЦ Гевгелија што се однесува до мигрантската криза се е под контрола и дека средствата што ги дава ЕУ се трошат паметно за исхрана, патни трошоци и сместување на странските полициски сили, како и за набавка на потребната опрема за набљудување на границата и за регистрација на мигрантите.
Тој додаде дека ЕУ на Министерството за внатрешни работи му обезбеди средства за набавка на 33 теренски возила, на Министерството за здравство му обезбеди средства за опремување на амбуланти за мигрантите, а на Општина Гевгелија ЕУ и помогна да набави опрема за успешно менаџирање со цврстиот отпад која се состои од комунални возила и багери, како и средства за изградба на мини депонија.
- Добив впечаток од моите соговорници дека помошта што досега ја дава ЕУ за справување со бегалската криза на вашата земја е доволна, но ние како партнери секогаш ќе разговараме за идните потреби и ќе продолжиме да и помагаме на Македонија и понатаму, нагласи Самуел Жбогар.
Посочи дека прашањето со мигрантите и натаму претставува висок приоритет за ЕУ.
- Како што е познато пред два дена претседателот на Европската комисија Јункер рече дека во следните 12 месеци ЕУ ќе има три приоритети, од кои еден се однесува на мигрантската криза за која работиме ние во партнерство со вашата земја и навистина би сакал така да продолжиме и понатаму, да соработуваме и со Владата и со општина Гевгелија, рече Жбогар.
Ново на Сител
-
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години
-
Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва
-
Муцунски: Заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот од суштинско значење за зацврстување на стабилноста
-
НЕПТУН слави 10 години на HAPPY програмата за лојалност
-
Гир и Дрекслер се надеваат на продолжување на дијалогот со новата Влада, по изјавите на Мицкоски дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи
-
Собранието ги избра делегациите за парламентарна соработка со меѓународни институции
-
Собранието ја избра Марина Димовска за генерален секретар
-
Михајловска: Годинашната средна оценка на матура 3,25, одлична по однос на објективноста