Македонија
29. December 2023 - 12:22

Зголемени безбедносни мерки во Струмица за Нова година

Засилени безбедносни мерки и контроли за време на празниците најавуваат од СВР Струмица. Мерките се во насока на безбедно празнување и одржување на поволна состојба во областа на јавниот ред и мир, криминалитетот и сообраќајот.  Началникот на секторот Кирил Арапов вели дека и оваа исто како и во изминатите години полициските службеници при редовно извршување на службените задачи плански ќе бидат поставени на локации каде се очекува присуство на поголем број граѓани.Тоа  најчесто е во централните градски подрачја, во близина на угостителски објекти каде ќе има организиран пречек на новата година, а пред се на места каде се очекува поголемо присуство на младите. Зајакнати проверки  ќе има и над возачите со акцент на контролите за управување на возила под дејство на алкохол и прекумерна брзина.

За граѓаните што ќе се одлучат да возат за време на новогодишната ноќ,   од полицијата со апел да ја прилагодат брзината на движење спрема условите и состојбата на патот, да не конзумираат алкохол пред возење, а доколку конзумираат да не седнуваат зад волан. Препорака имаат и до сите што планираат претстојните празници да ги поминат надвор од нивните домови, пред да заминат да преземат мерки и да  го обезбедат имотот.