-->
-->
Зголемена побарувачка за мартинки во Пијанечко
-->
Во Делчево зголемена е побарувачката на популарните мартинки. Цените и годинава се симболични, па така најевтините мартинки кои и оваа година може да се купат, се по цена од 10 денари, додека најскапите се 50 денари. Според трговците не е важна цената, туку она што останало како традиција, а е поврзано со мартинките.
-Најмногу се купуваат мартинки од 10 до 20 денари, но има и такви кои сакаат да купат од 50 денари. Изборот на мартинки годинава е многу поголем. Најпосакуваните за децата се мартинките со нивните омилени херои, додека жените одбираат мартинки со одредени нијанси. Она што сепак исто така се бара се мартинките со порака на среќа, љубов и надеж, што всушност е и одраз на она што останало како традиција поврзано со доаѓањето на баба Марта, велат трговците.
Црвено-белите мартинки кои се направени од конец според народните преданија во Пијанечко најчесто се носат на рака во чест на месецот март и доаѓањето на пролетта. Најширокиот спектар на мартинки и годинава може да се најдат во центарот на градот каде љубезните продавачи со насмевка ги пречекуваат своите клиенти и ги праќаат со желба за многу среќа и здравје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција
-
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години
-
Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва
-
Муцунски: Заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот од суштинско значење за зацврстување на стабилноста
-
НЕПТУН слави 10 години на HAPPY програмата за лојалност
-
Гир и Дрекслер се надеваат на продолжување на дијалогот со новата Влада, по изјавите на Мицкоски дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи