Зголемена побарувачка на претпријатијата за кредити во првиот квартал
Во првото тримесечје од годинава забележано е зголемување на вкупната побарувачка на корпоративни кредити, а банките укажуваат на натамошен раст на побарувачката.
Во анкетата на НБРМ банките посочиле дека на зголемената побарувачка најмногу влијаела потребата од финансирање, односно инвестициите во основни средства, во залихи и обртен капитал и преструктуирање на долгот.
Банките напоменуваат на олеснување на кредитните услови, при што 27 отсто од банките оцениле дека промените на монетарната политика не влијаат врз нивната каматна политика при одобрување на корпоративните кредити.
Побарувачката за кредити кај домаќинствата забележува намалување кај потрошувачките, а зголемување за станбените кредити.
Банките упатуваат и на олеснување на условите за одобрување на кредитите кое е поизразено кај потрошувачките кредити. - Најголем процент од банките укажуваат на непроменета каматна стапка и кај станбените и кај потрошувачките кредити. Поголема промена во однос на претходната анкета се забележува кај провизиите на станбените кредити, кои по подолг период на нето-олеснување, во првиот квартал од 2018 година минимално се заострени, посочуваат во анкетата.
И во однос на каматната политика при одобрување на кредитите кај домаќинствата во анкетата најголем дел од банките посочиле дека монетарната политика има незначително влијание.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера