Македонија
18. August 2024 - 8:58

Зголемена фреквенција на возила на „Табановце“ и денеска

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопшти АМСМ.

- Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, додаваат од АМСМ.