Зголемен водостојот на Преспанското Езеро
За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера.
Со тоа, според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското Езеро е за 1,82 метра понизок по просекот за април и е на шест сантиметри над апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Пониско од просечното и тоа за 10 сантиметри е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,76 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
И нивоата на повеќето реки во земјава се пониски од просечните и најчесто има благо намалување на водостојот во споредба со вчера. Најголемо отстапување има реката Струмица на мерното место кај Ново Село каде нивото е за речиси 2,5 пати пониско од просечното и Црн Дрим кај Ложани каде водостојот е двојно понизок од просечниот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата