Зголемен водостојот на Охридското Езеро
За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
И покрај тоа, водостојот на Охридското Езеро е за три сантиметри понизок од просекот за ноември. Пониско од просечното и тоа за 1,93 метри е и нивото на Преспанското Езеро кое е на 21 сантиметар под апсолутно појавениот минимум од 841,91 метри надморска висина. Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 1,66 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
Пониски од просечните се и нивоата на повеќето реки во земјава и бележат благо зголемување или намалување на водостојот во споредба со вчера. Зголемување од по само еден сантиметар имаат реките Бабуна, Црна Река и Радика, а најголемо намалување од 18 сантиметри има реката Вардар на мерното место кај Велес по што следи Струмица кај Ново Село со намалување од седум сантиметри во однос на вчера.
Ново на Сител
-
Бадникова поворка во понеделник во Кавадарци
-
Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Мегваер до 2026 година
-
Агелер: Доказите за поранешниот вицепремиер Груби се на дофат на македонските власти
-
Тошковски со извинување до велешани за затворањето на мостот во Башино село , вели полицијата ќе обезбеди проток на сообраќајот
-
Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Пронајдено телото на мажот кој настрада во синоќешната несреќа кај Рашче
-
15-годишен дилер од Скопје добил кривична пријава
-
Кривична за двајца скопјани за обид на убиство и помагање