Македонија
19. August 2015 - 8:29

Зголемен интензитетот на сообраќајот на патиштата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто мотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.