Зголемен бројот на работници во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на февруари лани, е поголем за 1.8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во првите два месеца од 2023, пак, бројот на работници бележи раст од 1.2 отсто со споредба со истиот период минатата година.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи опаѓање од 2.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 2.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.8 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 14.1 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %.
Ново на Сител
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба
-
Се санираат штетите од невремето во Тетово
-
Скопје ги сумира штетите од невремето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Комуналните претпријатија на обука за имплементација на Скада системот
-
Анализа: Дали Руската православна црква е инструмент за спроведување на политиките на Путин?