Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош во Велес
Наглото зголемување на темпаратурите и топлотниот бран, неделава го зголеми и бројот на пациенти на повик во Итната медицинска помош во Велес.
Како што информира за МИА д-р Василка Пановска бројот на пациенти на повик, дневно варира од 20 до 30, а дополнително се зголемува од оние што самите доаѓаат на преглед во амбулантата.
Таа појаснува дека пациенти во нивната амбуланта има и дење и ноќе, од кои има и повозрасни лица а и деца.
- Најчесто пациентите се жалат на висок крвен притисок, има и со зголемена телесна темпретаура, а многу ретко за проливи и повраќање. За среќа нема пациенти со труење од храна, информира Пановска.
Таа им препорачува на пациентите со хронични болести да ја примаат редовно пропишаната терапија и да не се движат на сонце од 10 до 17 часот, да носат светла облека и заштитни капи и наочари. Пожелно е, вели таа, да се консумира повеќе вода и свежо овошје и зеленчук.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта