Македонија
24. March 2017 - 12:50

Зголемен бројот на основци, намален на средношколците

Во учебната 2016/2017 година во редовните основни училишта во Македонија се евидентирани 192.715 ученици што претставува зголемување за 3,6% во однос на претходната учебна година, соопшти денеска Државниот завод за статистика. 

Во средните училишта, пак, се регистрирани 76.394 ученици што претставува намалување за 4,9% во однос на претходната учебна година.