Зголемен број нови случаи на Ковид-19 во Грција и на Кипар
Во Грција веќе втор ден бројот на нови регистрирани случаи на Ковид-19 е над 50, додека пак на Кипар првпат по подолго време има двоцифрен број на новозаразени, јави дописничката на МИА од Атина.
Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 57 нови случаи, од кои десет се од направените тестови на влезните точки во земјата, а бројот на заразени лица се зголеми на 4.336.
Според грчките медиуми, од денешните нови случаи, најмногу се во областа Атика, поширокиот дел на Атина- 18 случаи, а 11 се во Солун.
Вчера во Грција беа регистрирани 52 нови случаи на наспроти изминатите денови, кога просекот на дневни позитивни случаи на коронавирусот беше околу 30 заразени лица.
Зголемен број дневни случаи има и на Кипар, каде што по подолго време е регистриран двоцифрен број на новозаразени, додека во изминатите седмици бројката се движеше од нула до најмногу шест случаи дневно.
Министерството за здравство на Кипар, попладнево соопшти дека во изминатите 24 часа од направени 1.725 тестови, потврдени се 13 нови случаи, односно 1.080 од почетокот на епидемијата.
За само два дена, вчера и денеска, на Кипар има 20 нови случаи, наспроти вкупно 29 во претходните 11 дена.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг