„ЗЕРО“ - Вечер на млади кореографи на Скопје танцов театар
Скопје танцовиот театар вечер од 20 часот во Младинскиот културен центар ќе ја прикаже претставата „ЗЕРО“ – Вечер на млади кореографи. Составена е од четири кореографии, од кои премиерно ќе биде изведена „Без стоп“ во режија на Матеа Киселичка, на музика на Зек Хемси.
Другите три дела од претставата се: „Азбука“ на Јакуб Мунко, на музика на Виктор Апостоловкси и Јохан Јохансон, „Еден“ во кореографија на Александра Петрушевска, на музика на Александар Гроздановски, и „Јас и вие“ во кореографија на Дејан Битровски.
Во „ЗЕРО“ ќе настапат танчарите на Скопје танцовиот театар: Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, Јакуб Мунко, Александра Петрушевска, Дејан Битровски, Тринга Хуса, Јована Зајкова, Сара Цветковска, а ќе дебитираат Тереза Лазарев, Бобан Русески и Артемиса Морина.
Скопје танцовиот театар, кој го раководи кореографката Рисима Рисимкин, соопшти дека „ЗЕРО“ и ја посветува на неодамна починатата примабалерина во пензија Јагода Сланева, која беше дел од нивниот тим.
Ново на Сител
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ