Свет
20. December 2018 - 19:52

Земјотрес од 7,5 степени го потресе истокот на Русија

Издадено е предупредување за цунами по силниот земјотрес на крајниот исток на Русија со јачина од 7,5 степени по Рихтер.

Издадено е предупредување за цунами и тоа во радиус од 300 километри од епицентарот на земјотресот. Земјотресот е регистриран во петок рано наутро по локално време на длабочина од 33 километри во Беринговото Море. , на 80 километри источно од брегот на Камчатка.

Најблиско населено место до епицентарот на земјотресот е гратчето Николское . За сега нема информации за повредени или материјална штета.